18 Декември, 2025
0.0444

„ВАШИНГТОН ЌЕ ЈА ПОТУРНЕ РУСИЈА КОН МИР“: Ова е надежта на Зеленски

Објавено во: Свет 24 Септември, 2025 08:45

Добивај вести на Viber

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва.

„Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од Америка и секогаш ѝ обрнува внимание“, рече украинскиот претседател во Советот за безбедност на ОН.

Трамп претходно напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека верува оти Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја освоила од почетокот на инвазијата.

„Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници од почетокот на војната се многу добра опција“, рече Трамп кратко по состанокот со својот украински колега. Русија контролира приближно една петтина од територијата на Украина, вклучувајќи го и полуостровот Крим на Црното Море, нелегално анектиран во 2014 година.

Зеленски изјави дека ако Кина сака, може да ја принуди Русија да ја заврши војната во Украина. „Без Кина, Русија на Путин е ништо. Сепак, Кина премногу често молчи и се држи настрана наместо да дејствува за мир“, заклучи украинскиот лидер.с


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина