18 Декември, 2025
0.0916

ВАСКО КИЧЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР - преку фејсбук ги објави достигнувањата од неговиот мандат

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022 12:21

Добивај вести на Viber

Досегашниот директор на ЈП Паркинзи Центар, Васко Кичевски, вели дека неговиот мандат на таа институција завршува денеска, и затоа преку фејсбук го објави својот извештај за досегашното работење и инвестиции. 

Инаку, за нов директор на ова јавно претпријатие за стопанисување со паркиралиштата, од новиот градоначалник на Центар Горан Герасимовски е назначен Душко Коцевски. 

„Мојот мандат како директор на јавното претпријатие за јавни праркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ завршува денес и во овој пост би сакал да Ви го претставам извештајот за реализираните активности и капитални инвестиции за изминатите четири години под мое раководство како директор на јавното претпријатие кои донесоа многу бенефити за жителите на општина Центар и за граѓаните на Република Северна Македонија.

ЈП Паркинзи на Општина Центар е првото претпријатие во земјата кое целосно се дигитализираше преку воведување на нова веб платформа и мобилна апликација преку кои граѓаните можат брзо, лесно и едноставно да ги користат услугите на претпријатието и паркиралиштата со кои стопанисува по електронски пат. Исто така, преку новата мобилна апликација претпријатието им овозможи на жителите на Општина Центар да ги пријавуваат сите комунални проблеми во општината со цел да се решат брзо и навремено.

Во 2020 година, го воведовме светскиот тренд во рециклирањето преку проектот „И отпадот има вредност!“ и постави 25 повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки со цел да ги мотивира жителите да се вклучат во одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање кој е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината. Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар имаат можност да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка и имаат можност да купуваат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, салони за убавина и сл. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 100 локали кои овозможуваат попусти, а заради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува“, пишува на фејсбук, меѓу другото Кичевски. 

Повеќе детали во неговата фејсбук објава



Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција