28 Јануари, 2023
0.0389

Васкопулос Филипов: Времето ќе покаже како ќе се движиме со јазичното прашање

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Павле Васкопулос Филипов од партијата на Македонците во Грција „Виножито“ како позитивна ја оценува регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, но вели дека времето ќе покаже во која насока ќе се движи јазичното прашање.

Признавањето на македонскиот јазик е чекор напред кон признавање и на македонското малцинство во Грција.

„Секако признавањето на современ македонски јазик може да даде перспектива за признавање на македонското национално малцинство. Но, предуслов е да има реформи во грчката национална идеологија кон македонското. За жал, последниве години нема официјална промена во грчкото образование за да се спремат граѓаните за друга опција. Конкретно најголемиот проблем е грчката мит историја. Од основањето на грчката држава, грчкиот мит е дека современите грчки граѓани се „деца“ потомци на Сократ, Перикле и античките Грци.  Овој мит се прошири по Балканските војни, дека античкото македонско племе е грчко племе и според тоа сè македонско е грчко и потекнува од антиката“, вели Васкопулос Филипов.

Тој додава дека „Виножито“ секако ќе побара електронско изучување на јазикот, затоа што да се оди на терен не е лесно.

„За ова мора подготовка и секако ќе мора да се покаже и докаже интересот на младите генерации кај македонското население. Времето ќе покаже како ќе се движиме со јазичното прашање“, додава Васкопулос Филипов.

Но, вели дека за жал асимилацијата дава резултати. Претходните генерации не можеле јавно да го употребуваат мајчиниот јазик и трпеле притисоци, а денес е поинаку.

„Од друга страна пак последните децении приоритет на младите е добра перспектива и квалитетен живот. Македонското јазично прашање е секундарно. Ако во семејството тука имаат баба и дедо кои дома го зборуваат македонскиот јазик, ќе го научат, ако не јазикот се губи и тоа е реалноста за македонските генерации. Сè уште не е лесно за младите или општо, јавно да се декларираат дека се припадници на македонското малцинство, особено во малите средини или градови.  Стегите, срамот, комплексот, стравот за темата е резултат на грчката идеологија што се спроведуваше на терен и секако преку системот. Грција не признава разноликост на национална основа.  Дури и Ромите имаат проблеми. Како што реков претходно, преку најважните компоненти на изградба на националната свест  е дека мора да си „дете на славните Грци од антиката“. Ако пробаш да зборуваш на друг јазик, индиректно укажуваш на друг идентитет, автоматски не си дете на „славните Грци““, кажа Васкопулос Филипов.

Вели дека тие како освестени Македонци, се окарактеризирани како „скопски агенти“, а „Виножито“ ја сметаат за скопски орган. Рече дека со години се трудат да докажат дека не е така.

„Виножито“ има еден круг на луѓе, колективно раководство и околу 250-300 поблиски во цела северна Грција, а членството може да се види на евро изборите. Секако има проблеми за гласање во селата. Варираат од 2.000 до 4.000 гласови. Да не заборавиме дека и на изборите да се учествува рамноправно не е лесно, посебно за малите партии. Секоја партија мора да печати гласачки листови, да ги носи на гласачките места, во градовите и селата, а тие трошоци мора да ги сноси партијата. Ако не живее Македонец тука, не може да разбере како е околу македонското и како е јавно да се делува. Најважно е да се смени грчкиот став кон македонското прашање и нека почне од јазичното прашање“, вели тој.

Додава дека уште се судат за случај од 2009 година кога грчките телевизии за изборите не сакале да емитуваат спотови во кои се зборува на македонски јазик и во кои „Виножито“ повикува на гласање. Правда ќе бараат и во судовите надвор од Грција. 

Центарот за македонски јазик во Грција пред неколку дена објави дека официјално е регистриран како невладина организација. Ова го направиле судските власти во Грција. Во текот на летото беше лансиран официјалниот сајт на Центарот за македонски јазик кај јужниот сосед. Со Договорот од Преспа од 2018 година, македонскиот јазик е признаен како официјален јазик на Северна Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЦСКА Софија не го прифати барањето на навивачите, со Македонија ЃП ќе игра пријателска средба

ЦСКА Софија не го прифати барањето на навивачите, со Македонија ЃП ќе игра пријателска средба

Пендаровски го собра дипломатскиот кор: Уставните промени наскоро на домашна агенда

Пендаровски го собра дипломатскиот кор: Уставните промени наскоро на домашна агенда

Левица: Бугарски клуб во Куманово со име на заговарач на големобугарска идеја

Левица: Бугарски клуб во Куманово со име на заговарач на големобугарска идеја

Тетовчанец паднал од 8 кат и се бори за живот

Тетовчанец паднал од 8 кат и се бори за живот

Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име

Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите