ВАУЧЕРИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКА ПОСЕТА СЕ ВРАЌААТ ВО „ИГРА“: Сега ќе бидат наменети само за студенти
Објавено во: Економија 07 Декември, 2023 15:29
Дополнителна поддршка за студентите најавија министерот за економија и министерот за образование и наука. Имено, според она што денес го соопштија за студентите ќе има ваучери за туризам како дополнителна мерка за подобрување на студентскиот стандард, покрај поддршката за превоз што е дел од пакетот антикризни мерки.
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка - ваучери за посета на туристички места во земјава.
За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени околу 3 до 4 илјади студенти, а потоа се очекува бројот да се прошири.
На средба со претставници на студенти од државните универзитети во Министерството за економија, на која присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се разговарало и со студентите, како и жени претприемачи на микро, мали и средни претпријатија, да имаат предност на повиците за субвенции.
Со мерките за превоз, пак, треба да бидат опфатени над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење.
Во зависност од пресметаните трошоци за превозот, тие ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари. Надоместокот ќе го добиваат во наредните седум месеци односно до крајот на академската 2023/2024 година.
Можеби ќе ве интересира
РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти
