26 Јуни, 2024
0.0337

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - навреме да се спремат, следува солидна исплата на сметките

Објавено во: Финансии 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Сите акционери навреме да ги направат потребните подготовки, бидејќи тоа е неопходно пред Комерцијална банка да почне да ги исплатува дивидендите за минатата година.

Најголемата македонска банка вчера преку Берзата соопшти дека исплатата стартува на 4 мај годинава, а право на исплата на дивидендата имаат сите акционери.

„Комерцијална банка ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04 мај 2023 година ќе врши исплата на дивиденда за 2022 година. Право на исплата имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 18 април 2023 година“, се вели во објавата на банката.

Во неа се нагласува и дека исплатата на дивиденда на правните лица, односно на фирмите кои се акционери во оваа банка, ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Банката ги повикува и сите акционери кои се физички лица, навреме да се запишат во Управата за јавни приходи како даночни обврзници. А, она што е интересно, е дека ова особено се однесува на малолетните физички лица кои се акционери на банката.

„Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во земјава“, се вели во објавата од Комерцијална банка.

Се нагласува и дека средствата од дивидендата за 2022 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка, а исклучок ќе бидат оние кои имаат дадено овластување или инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Пресметката на данокот на доход од дивидендата ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата.

Како што веќе информираше банката, оваа одлука за исплата на дивидендата ја донесе Собранието на акционери одржано на крајот на март.

Притоа треба да се напомене дека Комерцијална банка минатата година ја заврши со нето добивка од близу 35 милиони евра. Акционерите на собранието донеле одлука, од овој профит, дивидендата за обичните акции да биде утврдена во висина од 50 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 500 денари на една акција бруто или 450 денари во нето износ.

Додека, пак, со цел да се зголеми вкупниот капитал на банката, акционерите решиле дел од добивката во износ од 13,8 милиони евра да се издвои во резерви, а дел од добивката во износ од 2,6 милиони евра ќе оди во задржана добивка за инвестициски вложувања во оваа година, што исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Инаку, како што веќе пресмета и објави Фактор, најбројните акционери на таа банка, односно домашните физички лица, кои се повеќе од 5.200 домашни физички лица,и кои поседуваат 46,4 отсто од акциитена банката, ќе поделат меѓусебе 7,74 милиони евра нето дивиденда.

Најдобитен акционер е градежната компанија „Адора Инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец, која е најголем поединечен акционер и ќе добие 2,5 милиони евра дивиденда.

Вкупниот бруто износ на дивиденда, пак,што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 18,5 милиони евра. Краен рок за купување акции со право на дивиденда е 12 април годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ГЕРМАНИЈА: продолжуваат таму каде што застанаа, ќе се отворат нови работни места

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ГЕРМАНИЈА: продолжуваат таму каде што застанаа, ќе се отворат нови работни места

ЕВЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ САКА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНЕЦОТ - потрошувачките кредити се доближија до две милијарди евра

ЕВЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ САКА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНЕЦОТ - потрошувачките кредити се доближија до две милијарди евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ ИЗНЕСУВАЛА 41.085 ДЕНАРИ - благ раст во споредба со март, но расте и на годишно ниво

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ ИЗНЕСУВАЛА 41.085 ДЕНАРИ - благ раст во споредба со март, но расте и на годишно ниво

Генерали Инвестментс: За пазарите на капитал, инфлацијата во САД е поважна од европските избори

Генерали Инвестментс: За пазарите на капитал, инфлацијата во САД е поважна од европските избори