19 Декември, 2025
0.0391

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПРИМИЛЕ КИНЕСКА ВАКЦИНА: Доктор Кон објасни се за бустер дозата

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Октомври, 2021 08:41

Добивај вести на Viber

Во Србија масовно се спроведува вакцинација, но стравот од несакани ефекти кај хроничните пациенти не стивнува.

Епидемиологот Предраг Кон објасни дека нема потреба од страв и дека хроничните пациенти се приоритет кога се работи за вакцинација поради нарушен имунитет.

- Toa e целосно залудно, хроничните пациенти се првите кои се вакцинираат бидејќи ковидот кај нив може да биде смртоносен. Третата доза треба да ја примат уште порано, особено ако им е нарушен имунолошкиот систем - рече епидемиологот.

Кон истакна дека хроничните пациенти, доколку ја примиле кинеската вакцина Синофарм, третата доза треба да ја примат веднаш по втората.

- За хроничните пациенти треба да се каже дека доколку примиле Синофарм третата доза треба да ја примат по само четири месеци. Оние кои се имунокомпромитирани треба да ја примат третата доза еден месец по втората доза. Имунитетот по вакцината не трае долго. Малку се плашевме од тоа. Не постои ниту една хронична болест за која некој не треба да ја прими вакцината. Се избира само моментот кога пациентот треба да ја прими вакцината - рече Кон, кој апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Кој треба да ја прими третата доза Синофарм по само четири месеци?

- Се препорачува интервалот помеѓу примовакцинацијата (втора доза вакцина или трета доза кај лица со тешка примарна и секундарна имунодефициенција) и бустер дозата на вакцината против ковид-19 да биде пет месеци за mRNA и векторски вакцини и четири месеци за инактивирани вакцини а бустер доза се применува за сите лица кои примиле примарна вакцинација против корона - изјави д-р Тања Јовановиќ.

Според неа, тука спаѓаат лицата со вродени состојби кои доведуваат до слаб имунолошки одговор или стекнати недостатоци поради хронични заболувања кои влијаат на квалитетот на имунолошкиот одговор.

- Тоа се сите оние болести кои претставуваат коморбидитети за тешки форми на болести како што се дијабетес и други метаболички заболувања, како и тешки хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите, црниот дроб и другите витални органи, како и лицата постари од 80 години. За трудниците препорака е да се вакцинираат, како и за децата од 12 години и повеќе - рече Јовановиќ.


Predrag Kon, Foto: Printscreen Youtube

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен