20 Декември, 2025
0.0410

ВЕАПОСКА: Ми извадија здрави и прави органи, ќе ги дадам на вештачење и кај странски експерти

Објавено во: Македонија 10 Март, 2021 13:41

Добивај вести на Viber

„Здрави и прави органи ми се извадени од телото, а Лекарската комора не наоѓа грешка во тоа, но правдата ќе ја барам додека сум жива“. 

Вака медицинската сестра Јалдз Веапоска чии матка, јајник и бубрег беа извадени по породување во струшката болнница, за Слободен печат низ солзи ги раскажала своите маки.

Таа има големо разочарување од одлуката на Лекарската комора, која во својот стручен надзор не утврди постоење на лекарска грешка од страна на медицинскиот тим предводен од директорот на болницата, доктор Мухамед Асани. 

Нејзиниот адвокат, Саше Јанев, изјави дека Лекарската комора уште не му го дава извештајот од стручниот надзор, за да може да го обжали. Засега пациентката и нејзиниот адвокат имаат извештај за органите од Институтот за патологија, каде што Веапоска дознала дека тие се наоѓаат и утре ќе оди да ги земе, за да ги дадат на вештачење.

Органите се супер, извадени се без потреба. Велат дека нема лекарска грешка, но не објаснуваат зошто било потребно да ги извадат. Дури сум жива ќе ја барам правдата, ако не во Македонија, тогаш во странство. Органите ќе ги дадам на вештачење кај наши експерти во Судска медицина и кај странски експерти. Тие да кажат дали имало потреба да се отстранат. Мене во разговор неколку гинеколози ми кажаа дека органите се добри, меѓу нив и луѓе од Швајцарија“, изјави за Слободен печат Веапоска.

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, пак, денеска рече дека по однос на овиој случај, никој друг, туку Владата дала налог тој да се испита.

„Покренавме соодветни иницијативи и се постапува и први пред било кој медиум го изнесовме случајот. Службите, инспекторатите, институциите, ведфнаш имаат постапено, и не можеме некого за било што да осудуваме, туку треба на база на факти и аргументи да се носат одлуките. Инспекторатот експресно брзо донесе решение за забрана за вршење на дејност во тие простории, тековно се испитуваат и други простории и во други општини. Во однос на овој случај има и соодветна постапка пред ЈО, а Владата и сите ние ќе постапуваме по сите инфиормации. До нас се уште не е дојден извештајот од Лекарската комора, според него нема прекршување во делот на стручноста. До крај оваа работа ќе биде истражена и ќе бидат преземени и други активности“, рече Николовски. 

Претседателката на ДКСК, Билјана Николовска, вели дека ДКСК не постапуваше по овој случај.

„Ова од причина што со тоа се зафати ЈО, бидејќи секое наше постапување би се упатило до ЈО. Но, еве ќе го изнесам мојот личен стсав. Она што вчера го слупшнавме од медиумите, од Лекарската комора, за мене е непојмливо, не може некој да излезе од болница без три органи, а тоа да биде се по закон. Ако ништо друго, мислам дека од МЗ треба уште една Комисија да отиде таму и да го провери случајот. А од друга страна, бидејќи се повеќе зборуваме за етички кодекси, според мене, не е етички некој на кој му се случиле вакви работи, да раководи со таква институција“, рече Ивановска. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки