19 Декември, 2025
0.0449

Вечерна забава за учесниците во маратонот во I-BANKSTORE на Стопанска банка

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015 17:56

Добивај вести на Viber

Во духот на спортот и маратонската еуфорија, во желба да се споделат моментите од овие вредни достигнувања, да се поттикне натпреварувачкиот дух и навивачката страст, Стопанска банка АД - Скопје и натаму придонесува кон создавање дух на поддршка и партнерство со сите спортисти и рекреативци, учесници на маратонот.

Во 20 часот, по завршување на маратонот, ќе биде организирана забава за сите учесници намаратонот во i-bankstore на кејот на Вардар. На забавата, освен бесплатни пијалаци, гостите ќе уживаат во рок забавата на Бени Шаќири  и диџеј Гоце Саф, а ќе се доделат и награди, две бесплатни котизации за маратонот во Њујорк.

„Да се поддржува ваков извонреден настан, како Скопски Маратон е наша лична и институционална определба. Нашиот тим на маратонци веќе се подготвува и нивната спортска сила и натпреварувачки дух за нас се голема инспирација. Наша замисла беше да ги поддржиме, охрабриме и мотивираме сите оние што ќе трчаат и им посакуваме многу среќа на сите учесници“ -изјави Милица Чапаровска - Јовановска, Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Стопанска банка.

Стопанска банка ќе биде присутна за време на маратонот со свој штанд во паркот „Жена Борец“ како еден од главните спонзори на маратонот, како и со намера да даде поддршка за маратонците и за целиот настан, афирмирајќи го своето мото „На ваша страна“, овој пат на страната на спортот, извонредните спортски достигнувања, како и на страната на помладата генерација.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии