Вегета заблеска на Тајмс Сквер - Зајакнување на меѓународното присуство и глобалната препознатливост на Вегета и Подравка
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2025 11:41
Вегета, додаток на јадења број 1 во Европа* и
еден од најпознатите хрватски брендови, овие денови заблеска на легендарниот
Тајмс Сквер во Њујорк – светското средиште на рекламирањето и место каде се
претставуваат водечките глобални брендови.
Оваа активност дополнително ја потврдува глобалната сила и препознатливост на
Вегета, бренд кој во текот на повеќе од 65 години стана неизоставен дел од
кујните ширум светот. Присуството на Вегета на Тајмс Сквер симболично ја
одразува нејзината позиција како бренд што ги спојува вкусовите, културите и
генерациите, со гордост носејќи хрватски квалитет на меѓународната сцена.
„Кампањата на Вегета на Тајмс Сквер претставува силен показател за зајакнување на нејзиното присуство на најголемиот светски пазар и е резултат на посветената работа и соработката на нашите тимови на терен и во седиштето. Истовремено, дополнително ја потврдува нашата посветеност кон стратешката цел – Вегета да стане глобално препознатлив бренд,“ истакна Крунослав Бешвир, главен директор за деловни програми на Подравка и директор на деловната програма Кулинарство.

Вегета, бренд кој инспирира потрошувачи во повеќе од 60 земји ширум светот, со овој проект дополнително ја зацврстува својата позиција како модерен кулинарски бренд, предводник на иновации и симбол на врвен квалитет.
*Според Нилсен
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





