ВЕЌЕ ИМА НАСЛЕДНИК: Кој ќе го замени Заев во градоначалничката фотелја?
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016 19:29
Опозицискиот лидер се токми да биде иден премиер или пратеник.
Ова може да се заклучи по денешното соопштение од кабинетот на Зоран Заев од општина Струмица во кое се посочува дека нов заменик градоначалник на општина Струмица ќе биде Коста Костадиновски, досегашен советник.
Од соопштението може да се забележи и дека на денешната Советот на општина Струмица советниците Катерина Кузмановска и Коста Јанев поднеле оставка од своето членство во Советот.
„На нивно место, за нови членови на Советот на општина Струмица беа наименувани Бранко Божинкочев и Фатмаѓул Хаџи. Со оглед на тоа што Катерина Кузмановска покрај советничката функција во изминатите неколку години ја извршуваше и функцијата заменик градоначалник на општина Струмица, градоначалникот Зоран Заев, на почетокот од 48. седница на Советот на општина Струмица, која започна веднаш по завршувањето на 47. седница, најави дека наскоро, на местото на Кузмановска, ќе наименува нов заменик градоначалник, спомнувајќи го името на советникот Костадин Костадинов. По наименувањето на новиот заменик градоначалник, тој како и неговиот претходник, ќе го заменува градоначалникот Заев при неговите службени отсуства од Општина Струмица“, се наведува во соопштението од Општина Струмица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




