Веќе нема болнички капацитети за примање на пациенти во Белград
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 09 Јули, 2020
Ние немаме веќе болнички капацитети да ги примиме пациентите во Белград, вели српската премиерка, Ана Брнабиќ.
Taa смета дека на протестите сигурно има луѓе кои се заразиле.
„Тоа што се случуваше синоќа и претходната ноќ ќе го платиме скапо и сега ќе би видиме колку од тие луѓе што беа таму се заразиле. Тоа ќе го видиме во следните пет, шест, десет дена“, изјави Брнабиќ.
Брнабиќ денеска кажа дека е донесена одлука за забрана за собирање на повеќе од десет луѓе во главниот град Белград.
Таа рече дека иако полицискиот час би бил поефективна мерка тие се откажале затоа што за да се спроведе неопходно било да се прогласи вонредна состојба.
Другите донесени мерки вклучуваат правила за физичка дистанца, ограничен број луѓе во затворен простор, ограничување на работното време на сите објекти во затворен простор и други.Два дена по ред имаше насилни протести во Србија.
На протестите беа повредени актерот Сергеј Трифуновиќ и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.
Во Србија досега се потврдени над 17.000 случаи на заразени, а починаа 352 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.