Веќе нема толеранција, Грција воведува нови мерки за невакцинираните
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Август, 2021 16:44
Во Грција се воведуваат нови мерки за невакцинираните. Ќе престане да важи бесплатното тестирање за невакцинираните граѓани.
- Невакцинираните работници во приватниот сектор ќе бидат обврзани на брзи лабораториски тестирања еднаш неделно на свој трошок (10 евра).
- Невакцинираните наставници и работници во туризмот, угостителството, телевизија, филмска и театарска продукција ќе мора двапати неделно да се тестираат.
- Невакцинираните ученици ќе се тестираат сами двапати неделно, а тестовите ќе бидат бесплатни.
- Невакцинираните студенти ќе мора да прават два лаборатористи теста неделно на нивни трошок (10 евра).
- Невакцинираните патници постари од 12 години ќе мора да имаат брз лабораториски тест не постар од 48 часа пред патувањето.
- Од 13 септември само оние кои се вакцинирани и оние кои имаат симптоми на Ковид-19 ќе можат да прават бесплатни тестови во јавни установи.
- Во затворени места за забави, кафулиња, ресторани, ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани и имаат потврда дека прележале коронавирус.
- Театрите, кината, музеите: во нив можат да влезат и невакцинираните со брз тест не постар од 48 часа.
- Затворени теретани: ќе можат да ги користат вакцинираните лица, оние кои прележале Ковид-19 и невакцинираните со негативен брз тест не постар од 48 часа.
- Во затворени работни простори работодавецот по закон има право да знае дали вработените се вакцинирани.
- Ќе се користат маски во сите затворени и отворени простории каде има собир на луѓе.
Околу шест милиони луѓе од 11 милиони веќе примиле една или две дози против коронавирусот.Грција е едно од местата во Европа каде е најкритично и брзо се шири коронавирусот. На ковид мапата Грција е обоена во црвено.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





