12 Декември, 2025
0.0359

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023 07:55

Добивај вести на Viber

Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, вечерва е спроведен во Кривичниот суд во Скопје. 

Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. 

Вања беше пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје. 

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

Обвинителството потврди дека на распит е и таткото на девојчето. 

Повеќе информации се најавуваат за утре кога е закажана прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски. 

Дел од медиумите вечерва, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. 

Извор и Фото: МИА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

МИЛОШОСКИ СМИРУВА: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

МИЛОШОСКИ СМИРУВА: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

БРАВО, СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Докторот Лазаров објасни какви се последиците при возење со 40 и 50 километри на час

БРАВО, СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Докторот Лазаров објасни какви се последиците при возење со 40 и 50 километри на час

Маж се заканил на сопругата дека ќе ја фрли од прозорец поради кавга за продолжен кабел

Маж се заканил на сопругата дека ќе ја фрли од прозорец поради кавга за продолжен кабел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите