18 Декември, 2025
0.0706

Велигденски базар во Капитол мол за децата со оштетен вид

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2015 15:14

Добивај вести на Viber

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје, денес во Капитол мол заедно со вработени во Рош и Црвениот крст, организираше ВЕЛИГДЕНСКИ ХУМАНИТАРЕН БАЗАР.

На базарот се продаваа рачно изработени велигденски корпи, а преку активностите и поддршката од посетителите на Капитол Мол се подигна самодовербата на учениците, бидејќи придонесоа за задоволување на некои од потребите на своето училиште.

capitol veligdenski bazar

„Димитар Влахов“ заедно со Црвениот крст на град Скопје во моментов е вклучен во проектот „Сподели светлина“ чиј што покровител и донатор е фармацевтската компанија Рош. „Во рамките на оваа програма нашите учениците, заедно со волонтери од Рош и Американското катче ќе изработуваат мали проекти преку кои ќе придонесат за општото добро во одреден сегмент од заедницата. Преку сето ова учениците со оштетен вид се ставаат во улога на волонтери и докажуваат дека и тие имаат способности и вештини, можат и сакаат да бидат хумани и да им помогнат на сите на кои им е неопходна помош“ - изјави Др. Горанчо Јакимов, Директор на училиштето „Димитар Влахов“.

capitol veligdenski bazar 1

Фармацевтската компанија Рош со проектот „Сподели светлина“ е детерминирана да пренасочи дел од своите финансиски и човечки ресурси за подигнување на нивото на условите за учење, средствата и неопходните материјали потребни за континуиран развој на потенцијалите на децата и младите со оштетен вид.

capitol veligdenski bazar 2

„Би сакал да нагласам дека се работи за долгорочен и суштински проект, кој ќе ја олесни инклузијата на лицата со оштетен вид во општеството. Не сакавме проектот да се сведе на еднократна донација, туку напротив на долг рок ќе изнаоѓаме и ќе решаваме суштински потреби на лицата со оштетен вид во Македонија и ќе го вложиме сето наше расположливо знаење и компетенција за да им излеземе во пресрет на потребите на оваа група граѓани“ - изјави Уфук Апајдин, Директор на Рош Македонија.

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, - Скопје, веќе 60 години опстојува како единствена установа во Македонија која се занимава со образование и воспитание на децата и младинците со оштетен вид на возраст од 6 до 18 години. Во рамките на државното училиште функционира, основно, средно стручно образование, како и ученички дом. Во средното стручно образование, покрај образовниот профил графичар, функционираат и уште два образовни профили, физиотерапевт-масер и манипулант на телефонска централа. Програмите според кој се следи наставата и во основното и во средното образование се идентични според целите и содржините како и во редовните училишта, но се користат поинакви наставни средства и помагала.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!