20 Декември, 2025
0.0629

Вељаноски не го дава собраниското столче, Груевски и Заев во пратеничките клупи, Тачи го нема

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2016 13:32

Добивај вести на Viber

Во тек е конститутивната седница на Собранието на која се верификуваат мандатите на пратениците избрани на изборите од 11 декември .

Трајко Вељаноски, донеодамнешниот претседател не попушти и тој ја отвори конститутивната седница иако многумина реагираа на овој потег на пратеникот од владеачката партија.

Согласно Уставот на Република Македонија, законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, со денешната конститутивна седница на Собранието на Република Македонија треба да претседава највозрасниот пратеник.

Пратеникот од опозицијата Оливер Спасовски во процедурална забелешка реагираше и од говорницата пред пратениците рече дека ова е преседан и не е согласно деловникот и Устав со седницата да претседава Вељаноски. 

Имено, денеска ќе се избира и нов претседател на Собранието.

Засега е неизвесно дали Вељаноски повторно ќе биде избран или во неговата фотелја ќе седне некој друг.

Од досега слушнатото, можеме да заклучиме дека сите избрани пратеници кои добија мандати согласно изборниот исход од 11 декември се присутни освен Мендух Тачи и уште еден пратеник од ДПА.

И Никола Груевски и Зоран Заев седат во пратеничките клупи.

Од 120 пратеници се присутни 118.  Со апсолутно мнозинство Собранието може да се конституира.

На седницата се утврди кворумот и се избра Верификациона комисија на Собранието која ќе ги верификува мандатите.

Имено, седницата е прекината до 14.30 часот за да може Комисијата за верификација да се состане со ДИК и да се изготви писмен извештај за верификација на мандатите на секој новоизбран пратеник, кој ќе биде доставен до Собранието на гласање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки