ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Починаа двајца, a во кумановската болница потврдени 11 случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека двајца повозрасни мажи починале од коронавирусот.
И двајцата имале сериозни здравствени проблеми.
Има 46 нови случаи, при што најмногу се од нив се од Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, еден Прилеп.
Филипче рече дека тројца се испишани и одат на домашно лекување.
„Во кумановската болница имаме 11 потврдени случаи, позитивни на коронавирусот. Оваа бројка ја компромитира работата на инфективното одделение. Упатени се двајца лекари од Скопје“, вели министерот.
Филипче вели дека се продолжува полицискиот час за Куманово.
Тој се надева дека рестрикцијата на движење ќе го спречи ширењето на вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.