Венко Глигоров: Првите години од две владеења - Бог и шиширџија
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2018 19:03
Да Ви ислустрирам од лично искуство каква (позитивна) машинерија беше економскиот тим на Владата од 2006та до 2008ма. Откако стапна Зоран Ставрески за вице премиер, на препорака од тогашниот Премиер и со одлука на Влада, имавме редовни средби од Сојузот на стопански комори (ССК) со претходно најавени теми (и барања) од стопанствениците, пишува бизнисменот Венко Глигоров од Логин системи на Фејсбук.
„Вицепремиерот ги "носеше" ресорните министри и директорите на агенции кои беа надлежни за темите. На маса имаше куп закони и подзаконски акти кои во текот на разговорите се употребуваа ако загустеше дискусијата или ако имаше нејаснотии за барањата“ - пишува тој.
Понатаму наведува како функционираше претходната власт.
„Веднаш после таквите средби имаше акција - било да се направи предлог закон, подзаконски акт или уредба на влада. Често, се одглавуваа разновидни предмети од стопанственици кои беа закочени од државната администрација без причини. Се укинуваа давачки (но не за поединечни фирми), се прилагодуваа условите за стопанисување и се даваа задачи на директорите за изведба на потребните работи. Ќе повторам дека овие средби не беа приватни ниту адхок на телефон. Тие беа на институционално ниво и се спремаа од двете страни - и власта и стопанските комори. Беше задоволство да се работи и имавме чувство дека градиме вистински економски систем. Не беше ретко да праќаме мејлови со барања или предлози на кои се одговараше навремено и системски. Учествувавме и во проектот Регулаторна гилотина кадешто се чистеа законите, прописите и непотребните згаснуваа. Проблемите почнуваа да се наговестуваат во 2008ма година. Имаше реакции од деловната заедница, но во отсуство на социјални мрежи и портали, а медиумите знаеме како беа наклонети - зборот на стопанствениците не беше доволно силен. Потоа дојде периодот на замолчување и на врбување на погодни бизнисмени. Понатаму знаете како се одвиваа работите. Но тоа не е битно сега. Тоа што е битно е дека моменталниот економски тим речиси нема ништо направено на системски план - не го спомнувам тоа што се фатија за зголемување на давачки. Зголемување на давачки во услови на стагнација на економијата не е економска реформа. Единствено што паметам е дека се уредија некои прописи во енергетиката (секако дека е битна енергетиката) и се направи проектот за иновации. За цела година. При тоа, едната активност е направена најмногу заради личната инволвираност на државниот службеник (знаете веќе кој) со енергетиката, а видовте како се "разви" проектот со фондот за иновации. Сите со право сега мислиме дека да не биле личните интереси на пар луѓе од власта, овој проект може и да не се извел - иако е повеќе од неопходен во некаква системска форма. Од друга страна, наместо луѓето што се задолжени за економија, највеќе "економија" покажа министерот за здравсто. Се "фрли" веднаш на набавки наместо да се обиде да направи реформи во здравството“ - пишува тој.
Потсетува дека се легализираше канабисот, што е добро, но наведува дека фирмите од Заеви го запоседнале. Додава дека на сето ова неработење и испомешани интереси, премиерот кажува дека нема услови за оставки. Тој ги споменува и аферите и скандалите кои се појавја последните месеци, а изјавата на премиерот Зоран Заев не го оставила рамнодушен.„Премиерот објаснува во стилот: Тие ми се соработници и тешко се наоѓаат луѓе. И додава дека се корегираа. На страна тоа што сите се прашуваат зошто веднаш не се корегираа туку откако беа фатени со спуштени гаќи!!!??? Контрадикторно ми е ова "вадење" на Премиерот бидејќи ... Тој не пропушта да кажува дека Македонија е убава, дека има паметни луѓе, дека сите човечки капацитети треба да се искористат ... а сега излегува дека не можел без имењакот, Кочо, Хари, Цвета и пар други што (не) се "прославија" последниве месеци“ - пишува Глигоров.
Прашува како очекува Заев реформи од луѓе кои гледаат да се „омрсат“ со државни пари.
Фејсбук статус
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




