Вентил од плински резервоар на бензинска во Скопје „испрати“ двајца вработени на клиника
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 10:18
Двајца вработени на бензинска пумпа на ул. „Индира Ганди“ во Скопје синоќа се пренесени на скопските клиники откако вдишале гас при обид да затворат сигурносен вентил од плински резервоар, кој пукнал и од него истекла голема количина плин.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случаен минувач синоќа во 23:50 часот пријавил дека на бензинска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје имало големо истекување плин.
Од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало да истекува плин. Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.
Противпожарна единица и одговорно лице од Институт за одржување на бензински пумпи го затвориле главниот сигурносен вентил. Сообраќајот на улица „Индира Ганди“ бил блокиран во двата правци од 00:10 до 04:30 часот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




