20 Декември, 2025
0.1745

Верските заедници повикаа на воздржување од дејства што можат да ја загрозат безбедноста

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 13:45

Добивај вести на Viber

Црквите и верските заедници во Република Македонија застапени во Уставот, во заеднички апел повикаа за смирување на состојбите, покажување добра волја и разумност во одлуките и постапките, воздржување од дејства што можат да ја загрозат државната, но и безбедноста на луѓето, домовите и семејствата.

Во заедничкиот апел кој денеска го пратија до медиумите наведуваат дека со внимание ги следат настаните кои, како што посочуваат, веќе подолго време ги обременуваат секојдневието и живеењето на сите граѓани.

Тие ги повикуваат политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки, засновани врз легитимни државни и законски прописи, во надминувањето на искушенијата и опасностите што демнат.

„Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите“ - стои во заедничкиот апел на црквите и верските заедници во Република Македонија. 

Според нив, само така, сплотени и единствени, достојно ќе покажеме пред целиот свет дека мултиетничкото и мултирелигиозното општество во кое живееме може да функционира и опстојува.

„Сето тоа веќе се потврдило во нашата заедничка историја. Затоа, и ние како генерација, да покажеме преку личниот пример и со своите дела, а за доброто на нашата татковина, дека сме доследни и достојни наследници на нашите претходни генерации, дека сме вистински верници и патриоти. Впрочем, единствено така ќе покажеме дека сме достојни и на родот и на верата на кои им припаѓаме“ - стои во заедничкиот апел.

Ова, посочуваат, е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки