Верувале или не: Откриен вирус од кој луѓето стануваат поглупави!
Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2014
Вирус ACTV-1, кој инаку напаѓа зелени алги, и кој никогаш не се проучувал на здрави луѓе, влијае на човечките когнитивни функции, тврдат научници од медицинскиот факултет Јонс Хопкинс од универзитетот Небраска, пренесува „Индепендент“.
Тие до ова откритие дошле случајно, спроведувајќи неповрзана студија на микроорганизми во човечкото грло. На изненадување, во грлото на здрави индивидуи откриле ДНК која се поклопува со ДНК на вирусот ACTV-1.
„Ова е неверојатен пример како 'неопасните' вируси кои ги носиме можат да влијаат на однесувањето и способноста“; рекол вирологот Роберт Волкен кој бил водач на истражувањето.
„Многу психолошки разлики помеѓу лицето А и лицето Б се запишани во гените кои ги наследуваме од родителите. Но некои од тие разлики го потикнуваат и нивото на микроорганизмите кои ги носиме и кои на разни начини се во интеракција со нашите гени“, додава Волкен.
Од 90 учесници во студијата, 40 биле позитивни на вирус. А тие, пак имале лоши резултати на тестовите со кои им се мереше брзината и точноста на визуелната „обработка на податоците“. Имале и послаби резултати на тестовите на мерење на вниманието.
Во човечкиот организам живеат трилиони бактерии, вируси и габи. Повеќето се безопасни, но ова истражување покажува дека некои микроби можат да имаат големо влијание на когнитивните способности и истовремено не се штетни за општото здравје.
Резултатите се објавени во магазинот National Academy of Sciences. Не е познато дали тоа значи дека лекароте сега ќе почнат да бараат лек за глупавоста, но на фармацевтската индустрија работата би можела да биде профитабилна.