Интервју Јанис Верверидис, директор на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ
Верверидис: Европскиот кампус на Универзитетот Јорк за СИТИ Колеџ е природен чекор кон понатамошното растење, унапредување во образованието и иновација
Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2021
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ се
стреми да ги донесе сите придобивки од врвното британско универзитетско
образование и истражување во регионот, како основа за создавање размена на
знаење и релации помеѓу луѓето од регионот, Велика Британија и светот. Ќе придонесе кон унапредување на хуманиот развој
и врз целосно прифаќање на интернационализацијата, како и до отворен пристап до
образование и еднакви можности за сите.
Фактор: Која беше целта за формирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ?
СИТИ Колеџ да стане Европски кампус на Универзитетот Јорк беше природен чекор кон понатамошното растење, унапредување во образованието и иновација. Од самото свое основање, пред 30 години, СИТИ Колеџ се стремеше да стане меѓународна образовна институција што обезбедува врвно британско универзитетско образование во регионот. Во текот на сите овие децении, оваа цел беше постигната на многу начини. Така, СИТИ Колеџ создаде наследство што се базира врз соработка со водечки универзитет од Велика Британија, Универзитетот Шефилд, како негов Меѓународен факултет.
Универзитетот Јорк е еден од водечките универзитети во Велика Британија, член на престижната Расел група (Russell Group) и одликуван со златен TEF сертификат (Teaching Excellence Framework) за спроведување извонредна настава. Универзитетот Јорк влегува во листата на најдобрите 150 светски универзитети, и се смета како институција со највисок степен на развиена истражувачка дејност, чијашто инспиративна работа придонесува до подобро општество денес. Уште поважно, Универзитетот Јорк се стреми да создаде инклузивна меѓународна заедница што преку своите програми, ќе придонесе кон унапредување на хуманиот развој и врз целосно прифаќање на интернационализацијата, до отворен пристап до образование и еднакви можности за сите.
Заедничките вредности и аспирации на двете институции го создадоа Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, во нашиот регион.
Фактор: Каков е моменталниот статус на студентите на Универзитетот Шефилд?
За време на долгогодишната соработка со Универзитетот Шефилд, се постигнати исклучителни резултати за унапредување на академската заедница во регионот, благодарение на напорната работа, знаење, упорност, посветеност и инвестиции на СИТИ Колеџ. Нашите студенти и повеќе од 7000 алумни од 60 земји се доказ за овие постигнувања и секојдневно ни укажуваат чест со тоа што ја истакнуваат квалитативната разлика насекаде каде што работат и живеат. Соработката со Универзитетот Шефилд продолжува до 2024 година со цел да им се овозможи на сите активни студенти од целиот регион да ги завршат своите студии во избраната академска средина и да се стекнат со диплома од Универзитетот Шефилд.
Фактор: Што претставува Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ?
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е физичко присуство на Универзитетот Јорк во Европа, додека главниот кампус е лоциран во Солун, Грција, а пропратни наставни активности има во уште 8 други земји во регионот. Визијата и желбата е да се надмине оваа бројка. Европскиот кампус е интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, центар за поврзување на академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи од Универзитетот низ целиот регион. Кампусот ќе ја прошири студентската мобилност и можностите за интернационализација, ќе обезбеди можности за применето учење и ќе ја поддржи мобилноста на персоналот со цел вклучување во наставата и истражувањата. Во исто време, ќе ги прошири нашите постојни агенди за истражување и ќе ја збогати нашата настава со нови програми и оддели во нови области. Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ веќе започна со регрутирање на нови студенти за програмите на Универзитетот Јорк од јануари 2021 година, а академската година ќе започне од октомври 2021 година.
Фактор: Какви придобивки ќе донесе оваа соработка за СИТИ Колеџ?
СИТИ Колеџ да е дел од Европски кампус на Универзитетот Јорк е од големо значење за самата институција и за големиот број можности што ќе им ги понуди на студентите, општеството и регионот. Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во себе ги отелотворува сите вредности за кои се залагал СИТИ Колеџ во текот на целата својата историја и кои сега ги носи уште и чекор понапред. СИТИ Колеџ отсекогаш бил поборник за квалитет во универзитетското образование, поддржувајќи го истражувањето како основен принцип на академијата и прифаќајќи го граѓанскиот ангажман во неговите образовни и студентски активности. Сега, можеме да ги направиме истите тие работи, само многу подобро и со поголем ефект. Можностите што Универзитетот Јорк и СИТИ Колеџ ќе ги создадат за регионот, целосно ќе го трансформираат студентското искуство и ќе го збогатат секој аспект од академскиот живот. Покрај тоа, сите овие можности се понудени во периодот по Брегзит, во регион каде што потребата за врвно британско образование е поздравена и очекувана од сите.
Фактор: Каква корист ќе има за ЈИЕ и поширокиот регион, Европа?
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк се стреми да ги донесе сите придобивки од врвното британско универзитетско образование и истражување во регионот. Тоа е основата за создавање и размена на знаење и релации помеѓу луѓето од регионот, Велика Британија и светот.
Ќе им се даде можност на студентите од регионот да уживаат во академското искуство од Универзитетот Јорк, ќе можат да студираат за врвен британски универзитетски степен од водечка образовна институција во близина на својот дом, да уживаат во комплетното студентско искуство со програми за мобилност и интернационализација на студентите, да имаат прекрасен студентски живот на нашиот кампус и комплементарно образование, да изградат портфолио на знаења и вештини кои ќе ги отворат нивните хоризонти и ќе имаат значително влијание врз позитивните промени во нивната професионална иднина.
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има за цел да даде значителен придонес во животот на луѓето во регионот, преку поддршка и споделување на знаење и пристап до истото, и со тоа да одигра важна улога во развојот на човечките капацитети во регионот, со цел да одговори на предизвиците на глобалното општество и на локалните потреби.