ВФП Фонд Менаџмент објавува оглас за вработување на финансиски аналитичар
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2022 11:43
Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
Во согласност со стратегија за забрзан и континуиран раст и обезбедување на најквалитетни услуги на своите инвеститори, ВФП Фонд Менаџмент претставува одлична средина за нови, високо мотивирани и талентирани кадри кои имаат амбиции перспективно да се развиваат во делот на портфолио менаџмент и анализа на пазарите на капитал.
Вработувањето во ВФП Фонд Менаџмент значи да се биде дел од динамична атмосфера, можност за соработка со амбициозен тим на портфолио менаџери, можност за стручно усовршување и личен развој под менторство на искусниот тим на Друштвото.
Објавуваме оглас за вработување на:
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
Потребни квалификации, искуство и образование:
- Високо образование (Кандидати дипломирани на департман Финансиски менаџмент со афинитети кон математика/статистика ќе имаат предност пред останатите);
- Високи аналитички и организациски способности;
- Основни компјутерски вештини (MS Office пакетот);
- Претходно работно искуство не задолжително;
- Одговорност, посветеност, самоиницијативност.
Што нудиме:
- Динамична, пријатна и тимска работна атмосфера;
- Можност за стручно усовршување и личен развој;
- Можност за продлабочување на знаењето преку полагање на меѓународни лиценци во областа на финансиите;
- Компетитивна почетна плата.
Работни задачи и одговорности:
- Анализирање на хартии од вредност кои котираат на берза, пазари на капитал, макроекономски индикатори;
- Изработка на периодични извештаи за работатa на портфолијата;
- Учество во предлагање на нови, пооптимизирани процеси на работа;
- Следење на перформансот на портфолијата и инвестициските ризици;
- Редовна комуникација со трети лица.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




