19 Декември, 2025
0.0434

Вице Заев: Брат ми Зоран е многу мек кон Бугарија, а мајка ми секој ден плаче кога го критикуваат на телевизија

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2020 08:40

Добивај вести на Viber

Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, Зоран Заев немаме лиценца за одгледување и производство на канабис, вели Вице Заев во интервју за Слободен печат. 

„Немаме ниту личен дел во фирмите на братучедите. Дури и тие не се сто проценти газди, имаат партнери од Холандија, Германија и Израел. Не сум безгрешен, ама 90 проценти од работите што ми се ставаат на товар не се точни. Самиот факт што никој не се пожалил дека некого сум рекетирал, дека сум влегол во нечиј бизнис или сум му земал нешто што не ми следува зборува дека јас не сум престапник на законот. И тоа што се зборувало е на база на шпекулација, докази нема. Никогаш не „фаќам врски“. Пред некое време ме казни полиција за неносење маска, и најрегуларно си ја платив, уверува братот на премиерот.

Тој во интервјуто зборува и за хуманитарната работа со која се занимава неговото семејство, коментрајќи некои наводи дека семејството давало поткуп од хуманитарна пакети во време на предизборна кампања.

Вице Заев откри дека негови фирми се Тотал инженеринг и Тотал електрик додека останатите Ева стајл, Тргопродукт (мајка фирма на Мамас), Еленица, финансиско друштво Пеон, брокерско друштво Пеон, и неколку оранжерии ги раководат останатите членови на семејството. Во разговорот има личлни детали за семејството, Заев вели дека сака да пешачи а дека најголема желба му е неговите деца да останат во Македонија и да ги продолжат бизнисите.

На прашањето за односот на премиерот Зоран Заев кон Бугарија Вице Заев вели дека премиерот е многу толерантен.

- Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени, вели братот на премиерот Зоран Заев.

Додава и дека не се плаши од никого иако имало закани по социјалните мрежи.

„Сепак, нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. За не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи, вели Вице Заев. Во политика не планирам да се вклучувам, кажа за крај на разговорот Вице Заев.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните