20 Декември, 2025
0.0404

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова за ФАКТОР24: Груевски нема капацитет да ја извади Македонија од кризата!

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016 09:41

Добивај вести на Viber

Од кого се плаши Никола Груевски. Од народот, од сопствената партија, од меѓународната заедница. Ќе ги протераме ли амбасадорите на САД и ЕУ? Индикативен е молкот на шефот на државата. Дали оваа состојба не го загрижува Ѓорѓе Иванов.

За овие прашања нашиот новинар Горазд Чомовски, побара одговор од академик Катица Ќулавкова .

Академик Ќулавкова вели дека досегашната партија ВМРО ДПМНЕ не е подготвена на дијалог и да се соочи со евентуални модификации на резултатите, односно да се соочи со повлекување од владеачката сцена, но таа неподготвеност подразбира нивен дефицитет за дијалог.

Во однос на последниот говор на екс премиерот на платото пред своите приврзаници кои пред ДИК ја чуваа победата, со пораките до странските амбасадори Академик Ќулавкова посочува дека Никола Груевски е во очајна состојба. 

Во паника користи агресивен говор, сличен на оној од времето на Слободан Милошевиќ, вели академик Катица Ќулавкова во интервју за магазинот „Фактор 24“ што синоќа можевте да го проследите во 22 часот и 30 минути на телевизија 24 Вести.

Со самото тоа, вели Академик Ќулавкова, Груевски покажал дека е на маргините и дека партијата на Груевски покажала дека нема капацитет да ја води Македонија напред а камоли да ја извади од кризата.

Во прилог погледнете го целото интервју со Академик Ќулавкова во целата емисија ФАКТОР24 .


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки