16 Декември, 2025
0.0490

(ВИДЕО) АРХИТЕКТУРА НА ИДНИНАТА: „Паметни градови“ во кои се вложуваат милијарди

Објавено во: Свет 21 Јули, 2014 19:54

Добивај вести на Viber

Милијарди долари се вложуваат во изградба на т.н. „паметни градови“, а само Индија има намера да изгради дури 100! Мегаломанскиот индиски урбан проект веќе се реализира. Премиерот Наренда Моди вели дека низ цела Индија наскоро ќе бидат изградени 100 „паметни градови“, опремени со високотехнолошки системи за комуникација. „Градовите некогаш се граделе во близина на реки. Сега се градат во близина на автопати. Но, во иднина, градовите ќе се градат врз основа на достапност на оптичка мрежа и инфраструктура од новата генерација“, вели тој. Владата на Моди во државниот буџет обезбеди 1,2 милијарди американски долари кои ќе ги вложи во паметни градови само во следната година, а уште повеќе инвестициски средства се очекуваат од приватните стопанственици и странските инвеститори. Оваа најава не е само празни зборови, бидејќи веќе започна изградбата на неколку високотехнолошки градови во Индија, вклучувајќи и еден на подрачјето на индиската држава Гуџарат, кој ќе се фокусира на потребите на урбаната средна класа. Во овие градови сензори ќе го надгледуваат нивото на водата, користењето на енергијата, протокот на сообраќајот и сигурносните камери, а сите тие податоци директно ќе им ги испраќаат на градските служби. Мобилни апликации ќе им помагаат на жителите полесно да учествуваат во сообраќајот, ќе им пријавуваат дефекти и ќе ги потсетуваат да гласаат на избори. Собирањето на ѓубре исто така ќе им биде доверено на машини. Овие градови се градат од нула што овозможува непречено планирање и реализирање на замисленото. Градовите веќе се градат, особено на подрачјето меѓу Делхи и Мумбај. Вака ќе изгледа еден од нив: http://www.youtube.com/watch?v=jOFpWFLSqgU http://www.youtube.com/watch?v=NkqTyV78bjA Но, Индија не е единствената држава која се фокусира на „паметни градови“. Градови со ваков концепт веќе се градат и во Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати и Кина. Само Кина годинава во еден паметен град вложува осум милијарди американски долари.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица