20 Декември, 2025
0.0450

(ВИДЕО) Британска ТВ ги откри Велешките момци што се збогатија од лажните вести за Трамп!

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 14:00

Добивај вести на Viber

Велешаните кои се збогатија ширејќи лажни вести за Доналд Трамп признаа одговорност и велат дека ќе продолжат да ги работат сајтовите.

Британската телевизија Канал 4 дојде до неколкумина од нив а светските медиуми пишуваат дека токму овие портали со лажни вести многу придонеле да се оцрни Хилари Клинтон .

Пред оваа британска телевизија повеќето од тинејџерите не сакаа јавно да зборуваат пред камерата за нивните страници и за заработките што ги добиле. 

Тоа што го дозна новинарот е дека заработката стигнала и до 200.000 долари, а во мрежата биле вклучени повеќе од 200 тинејџери.

Сепак главниот креатор на мрежата, негираше дека разботел на такви сајтови и заминувајќи со својот автомобил не сакаше да зборува .

Прашани која е причината поради која младите Велешани ширеле лажни вести во корист на Трамп сите одговорија - пари, но и забава.

Вестите најмногу беа ширени преку социјалната мрежа Фејсбук.

Видеото може да го погледнете тука.

Што пишувавме ние на таа тема:

Во последните година дена, македонскиот град Велес го зафати „златна треска“ бидејќи локалците пуштиле во работа најмалку 140 веб портали кои се занимаваат со темата на американските претседателски избори, пишуваа странските сајтови.

Овие сајтови имаат домени кои изгледаат како да се и навистина основани во САД- WorldPoliticus.com, TrumpVision365.com, USConservativeToday.com, DonaldTrumpNews.co, and USADailyPolitics.com...

Речиси сите тие ја промовираат протрамповата политика целејќи на конзервативците и следбениците на Трамп во САД.

Младите Македонци кои ги водат овие сајтови не се замараат за Доналд Трамп, туку се водат чисто од економски интереси. Имено, корисник на Фејсбук во САД „вреди“ четири пати повеќе од корисник надвор од САД. Тие увиделе дека најдобар начин за генерирање на сообраќај е да ги споделуваат приказните на Фејсбук, а најдобар начин за генерирање споделувања на ФБ  е да објавуваат сензационалистички и често лажни приказни чија содржина ги „погодува“ следбениците на Трамп.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки