(ВИДЕО) ДА ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ГРАДОТ: Крстевски ќе биде независен кандидат за градоначалник на Кочани
Објавено во: Македонија 29 Август, 2025 06:06
В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски објави дека ќе биде независен кандидат за градоначалник.
„Со голема одговорност и почит, ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Нашиот град заслужува повеќе. Заслужуваме безбедено, чисто и модерно Кочани — град кој ќе се развива со срцето на Европа, но управуван од волјата на сопствените граѓани. Во изминатите четири месеци, иако кратки, направивме многу. Но уште поважно, покажавме дека кога постои волја, постојат и решенија. Ова е првото лето кога депонијата не гори. Ова е првото лето кога Кочани не дише пластика. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на работа, храброст и одлуки“, вели Крстевски.
Тој вели дека остварил и значајни дипломатски средби со амбасадори, а кои ќе бидат партнери и поддржувачи во обнова на Кочани, град кој како што вели, премногу долго бил занемарен и уништуван, а последиците од тоа ги почувствувале жителите.
„Јас не ветувам чуда. Јас покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука. Не пред камерите, туку пред народот, лице в лице, без страв и без калкулации. Јас не доаѓам да владеам, туку да служам. Ова не е политичка битка. Ова е граѓанска обврска. Да покажеме дека Кочани може поинаку! Достоинствено, европски и човечки. Да го вратиме гласот на граѓаните. Да го вратиме достоинството на градот. Да ја вратиме локалната самоуправа на граѓаните. Со срце и душа за Кочани“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




