(ВИДЕО) Дали е ова иднината на Интернетот?
Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2014
Утописката идеја за бесплатен интернет за сите, кој можеме да го користиме без цензура константно е присутна, а еден нов уред можеби и ќе ја оствари.
Станува збор за уредот Лантерн, за кој е покрената кампања на Индиегого сервисот.
Авторите на проектот, кој досега собрал речиси 78 илјади долари од потребните 200, велат дека тој го осигурува бесплатното користење на интернетот насекаде, без потреба за напојување и без цензура, бидејќи Лантерн е осмислен како приемник кој е константно поврзан со радио бранови кои емитуваат сателите од мрежата на „Outernet“.
Оваа мрежа која во август оваа година почнала да го емитува својот прв јавен сигнал им нуди на корисниците примање од 200 МБ содржина дбевно, целосно бесплатно. Меѓутоа, ентузијастите кои сакале да користат бесплатен сателитски пристап на интернет морале сами да направат приемник, а Латерн за тоа нуди едноставно решение.
Тој е измислен не само како приемник на „обичен“ сателитски сигнал, туку има можност и за претварање на истиот во дигитална датотека, веб страница, е-книга, видео, музика, всушност било која содржина која ја превземаме од веб.
После приемот на сигнал од сателитската мрежа „ Outerneta Lantern“ понатаму ги претвара во дигитални датотеки и благодарение на вградениот „Wi-Fi hot spot“ ја дистрибуира на било кој поврзан уред.
Без разлика на тоа дали станува збор за преносник, таблет, смартфон, Лантерн може да го осигура пристапот на веб независно од тоа на која локација моментално се наоѓате.
Освен тоа, благодарение на соларните панели, напојувањето е осигурано не само за Лантерн, туку по пат на нив можете да го полните и уредот кој го користите за пристап на интернет.
Има вграден хард диск, така да овозможува и таканаречен „офлајн мод“, односно превземање на содржини кои не мора да ги прегледувате веднаш, туку во моментот кога вас тоа ви одговара или сакате.
Авторите тврдат дека Лантерн ќе биде засекогаш бесплатен, а единственото ограничување поврзано е со пристапната брзина, односно брзината на превземањето на датотеките од сателитската мрежа.
Многу едноставно - што повеќе пари се соберат, толку брзината ќе биде поголема, а ако сретставата бидат доволни, авторите планираат да лансираат и сопствени сателити во „Outernet “ мрежата.
Дали ова е иднината на пристапот на веб, тешко е да оцениме, но останува прашањето како на него ќе реагираат регулаторните тела, но и овозможувачите на услуги на пристап до интернет.