20 Мај, 2024
0.0306

(ВИДЕО) Дали патниците биле заклучени: Што се случувало на потонатиот брод во Калифорнија

Објавено во: Свет 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Откако брод потона во понеделникот и изгоре во зората близу островот Санта Круз во јужна Калифорнија, девет лица се водат како исчезнати а нуркачите пронашле 25 мртви тела.

Ова го пренесуваат американски медиуми, но официјални потврди на тие информации нема.

Бродот „Conception“ кој е долг 22 метри е наменет за нуркачки излети потонал 22 метри од островот Санта Круз додека пожарникари во текот на утрото се обидувале да го изгасат пожарот во кој во понеделникот изгоре трупот на брод над површината на морето.

Американските медиуми пишуваат дека четири тела спасувачите пронашле недалеку од остатоците на бродот . Се претпоставува дека 30 патници спиеле во моментот кога пожарот избил поради што останеле заробени во бродот додека членовите на екипажот се спасени.

-На бродот имаше 39 луѓе, но пет членови на екипажот скокнале во море и ги спасила едрилица која се нашла во близина-рекла Моника Рочестер, заповедничка на крајбрежната стража.


Во моментот кога избил пожарот „екипажот се разбудил и дошол на мостот од каде скокнале од бродот“ , додала таа не можејќи да каже дали се обиделе да им помогант на патниците.

Спасувачката служба пратила голем број луѓе и подрачјето го пребаруваат нуркачи со помош на хеликоптер.

Дали патниците биле заклучени во потпалубата?

Во јавноста се појави и разговор од капетанот на бродот од Централната крајбрежна стража.

-33 лица се на бродот кој е во пламен. Не можеме да се симнеме од бродот-зворувал капетанот, а диспечерот му одговорил.

Примено. Дали сите луѓе се заклучени во потпалубата? Можете ли да се симнете долу и да ја отклучите вратата? Имате ли пожарникарска опрема?

Одговорите на капетанот биле прилично нејасни, само било разбирливо кога рекол.

-Не можам да дишам ....



Foto: printscreen Tviter

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале