(ВИДЕО) Доњецк во пламен: Украинците бомбардирале фабрика за хемикалии
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2015 12:59
Силна експлозија го потресе Доњецк во текот на минатата ноќ, по што една хемиска фабрика во предградието на градот одлетала во воздухот. Хемиската фабрика е погодена од граната на украински армија, по што избил голем пожар кој по неколку саати е угасен.
Сведоците изјавиле дека небото „се запалило“ од експлозијата, додека голем број жители во близина на фабриката кажале дека прозорците на нивните добови биле искршени и дека ја почувствувале „земјата како се тресе“. Ударот го почувствувале и во помалите градови околу Доњецк.
Проруските бунтовници изјавиле дека сѐ уште не се знае дали имало жртви, но дека пожарот кој ја зафатил фабриката по експлозијата не предизвикал опасност од истурање на хемикалии.
„Епицентарот на експлозијата беше во близина на ДКЗХИ“, напишал на својот фејсбук профил претседателот на Антикиевскиот фронт Константин Долгов. Фабриката е позната по производството на индустриски експлозиви, муниција и артилериски гранати и опрема. Ова не е првпат силите на Киев да ја гранатираат фабриката. Обиди за нејзино уништување имало и во септември и ноември.
„Пожарот е изгасен и нема опасност од истурање на опасни материи... Најверојатно гранатирањето беше извршено со артилериски гранати со голем калибар“, изјавил извор од бунтовничките сили.
Засега нема информации за потенцијални жртви или еколошка катастрофа поради истекување на хемиски соединенија.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел





