Видео: Драго ми е што Груевски ја прифатил албанската платформа, да ги затвориме етничките прашања
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 10:01
Зоран Заев, лидерот на опозицијата и СДСМ, вчера по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Собранието истакна дека треба да се затворат сите етнички прашања, но бидејќи сеуште не е мандатар не може да ја коментира албанската платформа. Сепак, вели дека од Ахмети добил информации дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле начелно без потпишан договор, а сега ДУИ од нив бара писмена гаранција.
- Вие го знаете нашиот растеретен став, ние го отворивме процесот и концептот на едно општество за сите и апсолутно сме растеретени од сите овие предрасуди што некој се обидува да ги наметне повторно во јавноста. Мене ми е драго што етничките прашања се отворени во Македонија и за нив треба да се разговара, впрочем ми е драго што и ВМРО- ДПМНЕ ја прифатиле платформата и Законот за употребата на јазиците, и тоа е добро, еднаш засекогаш да ги затвориме етничките прашања, да се зафатиме со реална политика, да го подобриме животот на сите граѓани во Република Македонија, одговори вчера Заев.
Исто така објасни дека зборот е збор, а СДСМ може да одговори на барањата на Ахмети со цел да се забрза процесот на собирање на 61 потпис иако засега нема јасен рок до кога тоа ќе трае, но од еврокомесарот Хан добиле поддршка процесот да се заврза.
- Ако можам да извлечам нешто од денешниот состанок со еврокомесарот Хан е тоа да убрзаме со подготовките за Влада, заради тоа што и граѓаните и ЕУ очекуваат акција. Очекуваат новата Влада веднаш да почне со реформи што ќе ги почувствуваат и граѓаните, но и ќе ги тргнат сите овие забелешки кои висат над Македонија. Тоа се очекувањата. Дали некој ќе прави Влада или кој со кој ќе прави Влада, во тоа еврокомесарот не навлегуваше, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




