(ВИДЕО-ФОТО) Американците го имаат оружјето на иднината!
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2015 19:43
Американсаката морнарица на јавноста и претстави ново футористичко оружје, електромагнетен топ кој ќе може да ги исфрла проектилите со брзина седум пати поголема од брзината на звукот и да ја погоди целта оддалечена 180 километри, објавија американските медиуми.
Ова ново оружје, на кое беше потребно да се работи со години, беше откриено на саемот на морнарицата во САД оваа недела, објави "Вашингтон пост".
Наместо барут кој го испалува проектилот, новиот топ ќе користи електромагнетни импулси, а проектилите ќе ја удираат метата со таква сила што немора да соддржи експлозив.
Висок претставник на морнарицата неодамна го спореди ударот на проектилот од новиот електромагнетен топ со „поминувањето на товарен воз низ ѕид со брзина од 150 километри на час“.
Фактот дека оружјето не соодржи барут и боеви глави значи дека се елиминирани некои од значајните безбедносни ризици за припадниците на американската морнарица, истакна споменатиот претставник.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел





