(ВИДЕО-ФОТО) Брод со над 450 луѓе потона во реката Јангце во Кина
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2015 11:29
Се смета дека повеќето од патниците на кинескиот луксузен брод, кој потона во реката Јангце, биле туристи на возраст - помеѓу 50 и 80 години. На бродот се наоѓале 405 патници.
Стотици луѓе се уште не се пронајдени. Претседателот Си Дзинпин ги повика спасувачите да вложат максимални напори за спасување на преживеаните од брод „Источна ѕвезда“.
Илјадници војници и спасувачи биле испратени за да земат учество во спасувачката операција. Се проценува дека досега се спасени над 30 лица. Неколку тела биле пронајдени 12 часа по потонувањето на бродот.
Спасувачките екипи комуницираат со преживеаните, кои се уште се блокирани во бродот. На бродот имало 458 лица - 405 патници, 5 туристички водичи и 47 членови на екипажот. Тој потонал синоќа околу 21.30 часот по локално време.
Урнатините од бродот се забележани на 15-метарска длабочина во водата, но спасувачките напори се попречени од лошото време. Десетици бродови и хеликоптери беа испратени за да се вклучат во операцијата. Се очекува премиерот на Кина да пристигне за да види како одат спасувачките активности.
Во меѓувреме капетанот и главниот инженер на бродот биле уапсени од страна на властите за испрашување.
Според локалните извештаи се претпоставува дека бродот опфатен од циклон, бил свртен во рамките на една-две минути. Не испратил сигнал за несреќа по трагедијата, но некои од преживеаните - околу 7 лица, доплувале до брегот за да ги алармираат властите.
Според метеоролошката служба во провинцијата Хубеи бура предизвикана од торнадо, можела да го предизвика инцидентот.
Повеќето од патниците на бродот спиеле кога бродот ненадејно потонал.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/6nA038ZdFqc[/embed]Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина








