(ВИДЕО + ФОТО)Најмалку 15 загинати во авион што се урна во река во Тајван
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2015 10:40
Патничкиот авион на компанијата „Трансазија“, откако ја изгубил контролата, паѓајќи со крилото прво удира во мостот, во момент кога под него минува такси возило, и потоа паѓа во реката Келунг. Дел од трупот на авионот е над површината на реката и според медиумите кои информираат од местото на несреќата поголем дел од патниците се заробени во леталото, а спасувачките екипи се уште се обидуваат да извлечат некој од заробените.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2DjgonDgOtU[/embed]
Авионот паднал само што полетал на локален лет со 58 патници, од кои се претпоставува дека тројца се екипаж, и потоа ја изгубил комуникацијата со контролата на летање. Патниците се главно кинески туристи кои се враќале од посетата на Тајван.
Непосредно по несреќата на социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од авионот како паќа во реката, снимени од возила кои минувале преку мостот.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




