(ВИДЕО-ФОТО) Во Русија продаваат православен телефон-икона со кој може да се молите
Објавено во: Мои пари 15 Април, 2015 14:13
По моделот „Supremo Putin II“ и муслиманската верзија „Medina Oro“ Брендот за луксузни стоки „Caviar“ започна во Русија со продажба на православна варијанта на „iPhone“.
На него има позлатена врежана копија на иконата „Св.Троица“ на Андреј Рубљов од почетокот на XV век. Познавачи кои добро ја познаваат компанијата појаснуваат дека смартфонот е со цена од околу 3.000 евра и може да се молиш, но не и да пцуеш, додека зборуваш на него.
Од компанијата појаснуваат дека внимателно ја проучиле историјата на создавањето на иконата на христијанскиот свет.
Потоа се свртеле кон еснафот на експерти по религија и правото да се слушне нивното мислење за тоа дали е дозволиво и морално да се користи светата икона на христијаните како додаток за телефон.
Заклучокот им е дека сликата на иконата на задниот панел на смартфонот не е навредлива кон верските чувства на христијаните. Според нив „за претставниците на православието на Св.Троица може да биде елемент кој по мистичниот начин ги чува сопствениците на телефонот“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VhM4CIb7rdU[/embed]Нешто повеќе - експертите објаснуваат дека „верникот сопственик може да чита молитви пред оваа икона и да ја сфати потребата да води христијански начин на живот, а бидејќи тоа е телефон, тогаш за време на повик не смеат да се користат непристојни зборови, не треба да се искажува зло и да се зборуваат лоши работи“.
Како навреда на верските чувства се согледуваат перцепцијата на задниот панел едноставно како пакување и исфрлање како отпад или да пцуете за време на разговор.
Моделот „Trinità“ е вториот од серијата за верниците „Credo“. Пред него на пазарот излезе „Medina“ со истата цена од 157 000 рубљи, а претстои и создавање на модели насочени кон други вери.
На муслиманскиот „iPhone“ има врежана слика на џамијата „Масџид ан набавите“ во Медина и Шахада, кои сведочат за верата на богот Алах. Изработувањето на еден телефон „Medina“ трае 4 дена.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!







