18 Декември, 2025
0.0483

(ВИДЕО) ГЛАСА ЕВРОПА: Избори за Европскиот парламент

Објавено во: Свет 25 Мај, 2014 19:50

Добивај вести на Viber

Околу 400 милиони граѓани во Европската унија имаат право на глас на изборите за нови членови на Европскиот парламент, единствената европска институција за која се организираат непосредни избори. Гласањето завршува денеска, иако во неколку земји од Унијата се гласаше и претходните денови - на 22 мај во Велика Британија и Холандија, на 23 мај - Ирска, на 23 и 24 мај - Чешка, во Летонија, Малта и Словачка на 24 мај, а Италијанците на 24 и 25 мај. Останатите земји-членки на Унијата се изјаснуваат денеска. Резултатите се очекува да бидат познати уште вечерва, а новиот состав на Европскиот парламент ќе ја одржи својата конститутивна седница од 1 до 3 јули. За првпат од овој состав, како што е предвидено со Лисабонскиот договор, бројот на пратеници во Европскиот парламент ќе се ограничи на 751. Досега со приемот на земји-членки тој број растеше, па во последниот состав достигна 766 европарламентарци. http://www.youtube.com/watch?v=dh3FqAsf2-s Најмногу места во Европскиот парламент има Германија - 96, а следуваат Франција со 74, Велика Британија и Италија со 73, Шпанија - со 54 места. Само по 6 места имаат Малта, Кипар, Луксембург и Естонија. Со 26 милиони невработени ширум ЕУ, евроскептичните партии и крајната десница се здобија со огромна поддршка за својата анти-имиграциска и анти-европска платформа. Аналитичарите очекуваат овие партии да освојат дури 30 проценти од местата во парламентот, затоа што, според нив, во повеќе држави овие избори се претворија во еден вид на референдум за европскиот проект. Грчката ултрадесничарска партија „Златна зора“ се обрати до гласачите со порака дека „денеска е денот за нов почеток за Европа, на борба за Европа на нации“. http://www.youtube.com/watch?v=WN-fi1MR-xw

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина