16 Декември, 2025
0.0270

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Босна и Херцеговина – горат институциите!

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2014 18:18

Добивај вести на Viber

Горат зградите на Владата на Кантонот Сараево, Општината Центар Сараево и на Претседателството на Босна и Херцеговина, откако социјалните протести прераснаа во силни немири и судири со полициските сили. Доцна попладнево, полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите од зградата на Претседателството на БиХ, кои го запалија инвентарот и предизвикаа пожар. Во судирите има и повредени лица, но засега нивниот број е тешко да се утврди. Во општата болница во Сараево биле примени 30-тина лица, од кои повеќето полицајци, но и граѓани на помлада возраст. http://www.youtube.com/watch?v=k3T7A6-p6Hc Немири имаше и во Тузла, каде што протестите започнаа пред два дена, организирани преку Фејсбук од незадоволни граѓани кои бараат вработување и подобар животен стандард. Запалена се зградите на Владата на Кантонот Тузла и на Општина Тузла. Таму попладнево ситуацијата е мирна, но демонстрантите се се уште пред зградата на Министерството за внатрешни работи и бараат да се укине потерницата против еден од организаторите на протестите. http://www.youtube.com/watch?v=UgL1pjs3M_A Во 20-тина градови во Босна и Херцеговина денеска започнаа масовни протести и немири во знак на поддршка на незадоволството кое веќе трет ден се изразува во Тузла. Граѓаните бараат подобра економска состојба, помалку корупција и подобар живот, но реагираат и на информациите за полициска бруталност на протестите во последните неколку дена.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството