18 Декември, 2025
0.0524

(ВИДЕО) „Имаше луѓе врз мене, само очекував да се угушам или да изгорам“: Сведоштва за пожарот во Кочани

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 16:16

Добивај вести на Viber

Истражувачката репортерска лабораторија направи видео сторијата за пожарот во Кочани, во која откриваат необјавени документи, досега необјавени снимки, но и сведоштва на лица кои го преживеале пожарот.

„Само што дојдов до вратата, реков „океј, ќе излезам“, бев турнат на земја од толку голема сила, што реков, кровот падна врз мене. Се обидов да станам, не можев да станам, имаше луѓе, викаа сите. Само очекував да се угушам или да изгорам таму. Јас се помирив дека е толку. Кога беше топло, се молев да заврши порано“, сведочи Јорданчо Ефтимов.

Ефтимов вели дека кога сфатил дека ги тргаат луѓето кои биле врз него, ја кренал раката за да даде знак дека е жив.

Сашко Алексов, татко на починатата Сара Алексова сведочи дека наишол на ѕид од деца едно врз друго. 

„Замислете во сето тоа, другиот син Кристијан влегол неколку пати, вели дека имал хаброст да влезе затоа што го барал брат му. Влегол, темно, влечеле луѓе надвор, не гледале кој е“, раскажува Марија Петрушова, мајка на починатиот Андреј Панов. 

ИРЛ објавува дека најважниот материјален доказ биле мобилните телефони на таткото и синот, сопственици на „Пулс“, каде се комуницирало без страв дека ќе бидат фатени. Меѓу разговорите, имало и такви со инспектори, инспектори од МВР, како и со вработени во УЈП. Биле најавувани можни инспекции, но и која фискална каса да ја вклучи. 

Последната преписка со вработениот во УЈП била на денот на несреќата, но таа била избришана, а според ИРЛ, се водела со локален инспектор од УЈП и брат на в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска.

Како што се наведува во сторијата, тој им кажувал на сопствениците на „Пулс“ дали и кога ќе имаат инспекции, како и кој фискален апарат да го вклучуваат, но и многу повеќе работи, а добивал и подароци од нив.


Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска