20 Декември, 2025
0.0455

(ВИДЕО) Иселувањето на младите и како против тоа?

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 11:07

Добивај вести на Viber

Павле Богоевски од Коалицијата за живот во Македонија зборува за  Иселувањето на младите и како против него. 

Тој во своето денешно обраќање до јавноста фокусот го стави на оваа тема која е најболната точка со која во моментов се соочува нашето општество.

Во продолжение неговиот став, како може да се реши ова прашање...

„Во Република Македонија нема веродостојни информации за бројот на иселени лица. Според Светската Банка само во периодот 2010-2013 година, од Македонија се иселиле 179.000 лица, огромен дел од нив млади.

За -да го спречиме овој проблем, мораме Македонија да ја направиме место каде младите гледаат своја иднина како возрасни. Главната причина за иселувањето на младите не е невозвратената љубов, главната причина е безперспективноста. Високата невработеност, ниските плати и енормниот криминал и партизацијата во секоја пора од нашето општество резултираа со тоа Македонија да биде прва во Европа по стапката на невработеност кај младите, со високи 54% на невработени млади.

Не постои лесно решение за овој социјален геноцид. Но, можеме да го започнеме вистинскиот процес.

Прво, мораме да престанеме  да ги третираме вработувањето како сретство за постигнување и одржување политичка моќ. Главниот инструмент на страв на овој режим не е оружјето, туку контролата врз платите, а со тоа и судбините на огромен дел од гласачкото тело – луѓето од јавната администрација и нивните семејства.

Второ, образовниот систем мора да има целосна автономија за да функционира врз основа на реалните потреби на пазарот на трудот, а не врз основа на партиските и идеолошките приоритети на партиите на власт.

Трето, држава која нема да се фали на странските инвеститори по својата ефтина работна сила. Одлучна акција во законско регулирање на повисоки минимални плати, силна зашттиа на работничките права и државна помош за поголеми плати во домашните претпријатија. За парите да останат дома, а не да бидат изнесени во другите држави, или уште полошо, на Белизе.

Ајде наместо да се селиме во Австралија или Германија, да пробаме да бидеме како нив. Мислите дека можеме да го строиме било што од ова додека дпмне е на власт?“


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки