(ВИДЕО) Израел во офанзива врз Газа, Египет ја отвори границата за да ги прими ранетите
Објавено во: Свет 10 Јули, 2014 11:04
Во меѓувреме и Хамас продолжува да го ракетира Израел, што принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и да бараат засолништа од ракетен напад.
http://www.youtube.com/watch?v=nucGsRcHCQ0
Во Израел засега нема жртви, но Хамас покажува дека поседува ракети со голем дострел, па сирени за тревога се вклучуваат во Тел Авив, Ерусалим, па дури и во Хаифа. И утрово биле пресретнати и уништени две ракети над Тел Авив.
Израелскиот претседател Шимон Перес предупреди дека не се исклучува копнена офанзива доколку продолжи огнот, а израелски тенкови веќе се распоредени вдолж границата кон Појасот Газа.
Во меѓувреме, Египет денеска го отвори граничниот премин Рафа кон Појасот Газа за да ги прими повредените Палестинци во израелската офанзива.
Болниците во северен Синај, кој се граничи со Газа и Израел, се во состојба на целосна мобилизација за да им укажат помош на ранетите. Граничниот премин Рафа вообичаено е затворен заради безбедносната ситуација на Синајскиот Полуостров, бидејќи таму египетската војска се бори против исламските бунтовници.
Рафа е инаку единствениот граничен премин што го заобиколува Израел и директно се поврзува со Појасот Газа.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




