26 Април, 2024
0.0311

Видео Клик Плус: Секое прашање е легитимно ако се постави во институциите - Дебата за албанските барање при формирање нова Влада

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во последното издание на дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 беше поставено прашањето дали барањата на албанските партии кои по иницијатива на Еди Рама, премиерот на Албанија, беа срочени во декларација, се легитимни и прифатливи за македонските партии кои ќе треба да се согласат на нив доколку сакаат да формираат коалициона Влада. 

Како што се промовираат албанските партии во Македонија така расте одреден радикализам со цел да се привлечат гласови, а тоа почна уште од постоењето на ПДП, па продолжи со ДУИ кои произлезе од воениот конфликт и сега БЕСА која бара редифинирање на државата. Тоа важи се додека овие партии не влезат во власта и нивните барања потоа се менуваат, смета Тодор Пендаров.

За Сафет Бишевац, новинар и екс пратеник, овие барања може да бидат разгледани, но не ако се поставени како ултиматум.

„Само би ја свртел пирамидата на нивните барања и тоа би била многу прифатлива платформа за формирање на новата влада. Во Македонија може да се разговара за се ако е отворено на легитимен начин и преку институциите, па дури и за некаква федерализација ако некој ја бара иако е јасно дека тоа го наметна ВМРО-ДПМНЕ во кампањата против опозицијата и немаа друга платформа. Токму затоа и не добија многу повеќе гласови. Секое прашање е за дискусија на маса, во вистинско време, во институциите, без оглед дали тоа е болни, но некогаш лековите се горчливи и носат подобрувања“, вели Сафет Бишевац.

Ристо Иванов од ГРОМ најмногу се спротистави на овие барања поагајќи од правната основа и меѓународното право бидејќи само на македонскиот народ му се наметнува нешто што други никако не би го прифатиле и има обид да се негира неговата посебност и државност.

„Македонскиот народ 26 години е негиран дека има идентитет како Македонец и дека има право на своја држава. Умешно се водеше тој процес кој заврши во Обединетите нации. Ние ги почитуваме како македонските народ меѓународните норми, но погледнете што ни се случува, особено со Судот во Хаг, тој вели дека сме во право, а никој не ја почитува одлуката. Сите воспоставени норми не важат бидејќи не владее правото туку силата“, смета Ристо Иванов. 

Професорот Новковски возврати дека не треба да се изместуваат работите туку да се доближат без оглед кој од која партија припаѓа. 

„Треба да се појде од кривичната одговорност, без оглед дали сме од македонска или албанска партија. Првото прашање е дали сме држава? Ако сме, не можеме да си дозволиме некој да прави што сака со институциите и да ги уништува. Задачата на ова Собрание е токма таа, да го возврати правниот систем и да се применат реформите кои се однесуваат на забелешките од извештајот на Прибе, смета Новковски, па потоа да се дискутира за работата на новата Влада, без оглед кој ќе состави.

Целата дебата на Клик Плус погледнете ја во продолжение.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“