27 Септември, 2024
0.0270

(ВИДЕО) КОНЕЧНО – ЦИРКУС БЕЗ ЖИВОТНИ: Германскиот Ронкали ги заменува животните со холограми

Објавено во: Свет 13 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Германскиот циркус Ронкали престана да користи лавови и слонови во претставите уште во 1991 година. Пред пет години отиде уште подалеку и целосно ги отстрани живите животни од својата програма.

„Вистински животни во рингот, тоа повеќе не ни одговара“, изјави за АФП шефот на циркусот “Ронкали“, Патрик Филаделфија, нагласувајжи дека во последниве години, циркусите се повеќе се ограничени со простор.

„Ако се сместите во центарот на градот, нема простор за поставување надворешни огради за да  може животните безбедно да се истрчаат. Освен тоа, номадската природа на циркускиот живот е премногу заморна за животните, вели Филаделфија. За циркус што ги штити и што се грижи за благосостојбата на животните тоа повеќе нема никаква смисла.

Холограмите во циркусот како нешто неочекувано

Размислувајќи како да се зачува магијата на животните, особено за децата, циркусот се досетил на холограмот.


„Ако можете да проектирате некој кој повеќе не е жив на холографски екран, зошто не можете да го направите тоа со коњи, слонови? рече Филаделфија.

Парната локомотива која кружи во циркускиот ринг го отвора шоуто со песната Sunday Morning Velvet Underground, пред да се појави светло зелен папагал. Потоа доаѓа слон со мало слонче и стадо коњи кои галопираат. Дизајнирањето на визуелната илузија беше технички предизвик затоа што во циркусот публиката седи во круг.

Користејќи 11 камери распоредени на таванот околу рингот, сликите со висока резолуција се проектираат на мрежа што го опкружува просторот за изведба. Решетката станува речиси невидлива кога светлата се исклучуваат, но сликите излегуваат. Иако живите животни се возбудливи, новата технологија му овозможува и на Ронкали да прави неочекувани работи.

„Аниматор и графички дизајнер можат да направат се што ќе замислите“, изјави Тони Мунар, техничкиот директор на циркусот.

„Добро е без животни“

Отсуството на животни стана привлечно само по себе. "Никогаш порано не сум слушнала за циркусот Ронкали. А потоа дознав дека тие немаат животни. Тоа ми беше особено важно", изјави 29-годишната студентка Софи Шулт.

Претходните посети на циркусот и оставиле трауматски впечаток. „Секогаш ги гледав тесните кафези во кои ги чуваа. Тоа е сурово“. 


Можеби ќе ве интересира

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК - ова се случува прв пат во историјата на градот

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК - ова се случува прв пат во историјата на градот

ВОЈНА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ: Дали е неизбежна?

ВОЈНА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ: Дали е неизбежна?

„КОЈ ПРВ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ЌЕ БИДЕ ПРОКОЛНАТ“: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје

„КОЈ ПРВ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ЌЕ БИДЕ ПРОКОЛНАТ“: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје

СО НОВ СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕРЛИН ДО ПАРИЗ: Ќе се стигнува за осум часа, почетна цена за карта е 60 евра

СО НОВ СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕРЛИН ДО ПАРИЗ: Ќе се стигнува за осум часа, почетна цена за карта е 60 евра