16 Декември, 2025
0.0674

(ВИДЕО) Криминал, политика, бизнис – кој е уапсениот Дарко Шариќ?

Објавено во: Балкан 18 Март, 2014 12:27

Добивај вести на Viber

По неколкугодишна потрага, во заедничка акција на српската и црногорската полиција, уапсен е најбараниот нарко-бос на Балканот Дарко Шариќ. Тој бил уапсен во Јужна Америка, откако се обидел да ја премине границата меѓу две држави, а потоа преку Црна Гора бил спроведен до Србија, каде што го очекува судење за шверц на три тона кокаин. http://www.youtube.com/watch?v=OaRHmozZDxA Според црногорските медиуми, кога сфатил дека е откриен, Шариќ сам се предал на полицијата за да нема насилно апсење. Најголемиот наркобос на Балканот со години се криел префрлајќи се од една во друга јужноамериканска земја. Полицијата го третира како еден од најголемите организатори на шверцот со дрога на Балканот и се сомнева дека парите стекнати со продажба на дрога ги легализирал преку инвестиции во недвижности во Србија и Црна Гора. Само во Црна Гора, во изминатите 4 години на Шариќ му е одземен имот во вредност од околу 12 милиони евра - куќи, станови, луксузни вили, локали, претпријатија, хотели, автомобили, земјоделско земјиште. http://www.youtube.com/watch?v=PnyUVmIzJlU Но, во истовреме, за многу видни политичари во Црна Гора Дарко Шариќ и неговиот брат Душко беа „видни бизнисмени“ и „коректни момчиња“. Нивното име се поврзуваше во афери со актуелниот шеф на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ и со неговиот претходник Милан Рочен, за кои беше објавено дека контактирале со Шариќ. Српските медиуми, пак, тврдеа дека во Белград тој имал блиски контакти во Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ, па дури и дека нудел огромни суми пари за ликвидација на одредени српски функционери. Еден од најбогатите Срби, сопственикот на „Делта“ Мирослав Мишковиќ исто така се поврзувал со Шариќ, а српскиот весник „Блиц“ пишуваше дека Мишковиќ преку своите фирми испрал голем дел од парите на наркобосот.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството