(ВИДЕО) Мајкрософт официјално покрена Скајп за бизнис клиенти
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014
Мајкрософт официјално одлучи да го преименува Lync во Skype for Business, планирајќи да им понуди на бизнис клиентите измешано решение кое го нуди најдоброто од двете апликации, со комуникациите во фокусот, секако.
Skype for Business доаѓа со сите актуелни можности на Lync , но додава и некои нови функции, па компанијата порачува постоечките корисници дека нема да го изгубат факторот на блискост кога се заврши преименувањето.
Во овој момент Lync веќе поддржува и инстант пораки и авуди повици од Скајп контактите, но откако ќе се заврши спојувањето, Skype for Business исто така ќе понуди и видео повици и пристап на Скајп корисничкиот директориум.
Интеграцијата на Lync во Скајп серијата производи, Мајкрософт се обидува да им понуди на бизнис клиентите подобро решение како би биле во контакт со партнерите и вработените.
Скајп иконата за повикување, додавање видео, прекинување, и понатаму ќе биде овде, што би требало да обезбеди некој вид на полесно користење за оние кои претходно го користеле овој VoIP клиент.