20 Декември, 2025
0.0553

(ВИДЕО) Како Македонци и Албанци од шверц со луѓе земале милион долари и ги носеле до Канада и САД

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2018 10:47

Добивај вести на Viber

За сума од 20 до 25 илјади долари за човек, македонски и албански државјани добивале фалсификувани пасоши со кои илегално биле префрлувани прво до Мексико, а потоа во Америка и Канада.

Групата криумчари, државјани на Македонија, со соработници од Албанија, Бугарија, Шпанија и Доминиканската Република, Хондурас, Гватемала и Мексико , за година дена , од април лани до март оваа година, успеале илегално да превезат 50 лица и да заработат повеќе од милион долари.

Истрагата траела изминатите 18 месеци. Криминалната група од Македонија била идентификувана како дел од меѓународна организирана криминална мрежа.

-Членовите на оваа криминална група организирале шверц на повеќе групи илегални мигранти со потекло од Македонија и Албанија, со крајна дестинација САД и Канада. Шверцот го организирале за лица кои не можеле да добијат виза за патување кон наведените дестинации по регуларен пат и од нив барале и добивале од 20 000 до 25 000 долари по човек - изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На акцијата на МВР и помогнале и меѓународни партнери, Регионалната канцеларија за безбеднсот и истрага при амбасадата на САД во Македонија, Европол, Селек, као и полициите на Албанија, Шпанија, Австрија и Бугарија.

Досега се приведени седум лица, а за двајца уште се трага.

Оваа криминална лица врбувала луѓе, потенцијални мигранти, а потоа имобезбедувала фалсификувани документи за идентификација, им резервирала и купувала автобуски и авионски карти до одредени дестинации во Европа и земјите од Централна Америка и резервирала соби во хотели во земјите каде имале соработници.

-Организатрите на криминалната група ангажирале и личности кои прифаќале мигранти и им обзебедувале дополнителни фалсификувани документи посебно за влез во Мексико, а организирале и превоз и илегално префрлување на мигранти од Мексико до крајните дестинации САД и Канада. Мигрантите биле шверцувани во групи од двајца до четворица, со претходно договорен временски период, рута по која ќе се движат, локации на кои привремено ќе бидат скриени, како и начинот на исплата на договорената сума пар-кажа Спасовски.

Министерот рече дека се направени претреси во 12 објекти во Охрид, Струга, Дебар и Скопје. Во нивните домови се најдени пасоши, фалсификувани визи, гарантни писма, пари,  оружје и муниција, а запленети се и два луксузни автомобили.

Надлежниот јавен обвинител нареди истрага за девет лица. На нив им се става на терет дека направиле кривично дело организирање на група и поттикнување на извршување дело тргување со луѓе и деца, и криумчарење мигранти. 

Погледнете ја акцијата на приведување на криумчарите:


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки