18 Декември, 2025
0.1933

(ВИДЕО) Македонски средношколци освоија награда на европски натпревар за општествено одговорни претприемачи

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2014 13:05

Добивај вести на Viber

Вкупно 12 општествено одговорни претпријатија раководени од млади на возраст од 15-18 години од 12 европски земји, на он-лајн натпреварот одржан на 11 јуни, ги претставија своите бизнис планови пред меѓународното жири. Во натпреварот беа вклучени 261 општествено одговорни претпријатија од кои меѓународното жири ги селектираше 12-те најдобри. Тимот “Визија” од Гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин”, под менторство на наставникот Лидија Стојчева ја освои една од трите предвидени награди за најдобро видео и освоија парична награда од 100 евра. Визија е невладина организација со мотото “Учиме за подобра иднина” каде ученици волонтери ги подучуваат младите Роми од предметите: математика, информатика, англиски јазик и бизнис и претприемништво. Преку примерот за Барија и Неврије тие ја претставија својата мисија и како образованието може да влијае на нивната подобра иднина. http://www.youtube.com/watch?v=0BCquKgujb4 Економско образование на млади менаџери – Junior Achievement Македонија, го спроведуваше проектот “Социјално одговорно претприемништво за иднината“ со ученици од повеќе средни училишта од Скопје, со финансиска поддршка од градот Скопје, сектор за образование. Проектот имаше за цел да ги поттикне младите да размислуваат за водење бизнис како одговорен корпоративен член на општеството и да решат некој општествен проблем. „Беше големо задоволство да се види ентузијазмот, креативноста и претприемачкиот дух на младите од цела Европа во текот на натпреварот. Научивме дека учеството во таква програма може да биде важна отскочна даска за младите и да ја подигне нивната свест за создавање на позитивни општествени промени. Нашата генерација има моќ и намера да го направи светот подобро место за живеење“, изјавија членовите на тимот Борјан Стојчев и Стефан Тасевски. Наградите ги обезбеди фондацијата ArcelorMittal, Норвешката инвестициска компанија Ferd, и светскиот лидер во компјутерски иновации Intel.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА