24 Април, 2024
0.0280

(ВИДЕО) Македонско - ирачка љубовна приказна го обиколи светот

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Али Нора Аркавази курдска муслиманка и православнот Боби Додевски се заљубиле откако се сретнаа на калливиот граничен премин на почетокот на март, а четири месеци подоцна се венчаа, пренесува агенцијата Франс Прес.

Боби се присетува на дождливиот ден кога прв пат ја здогледал Нора на ничија земја помеѓу двете држави, додека бил на должност.

„Тоа беше судбина“ - им кажа 35 годишниот полицаец на новинарите на агенцијата АФП во неговиот стан во Куманово каде сега среќно живее со својата млада сопруга.

Дваесетгодишната Нора е од Дијала, провинција во источен Ирак каде се уште има насилства. Ирачанката кажува дека екстремистите од Исламска држава го киднапирале нејзиниот татко, инженер и дека барале илјада долари откуп за неговото враќање.

Бегалец е и нејзиниот брат, сестрата и родителите кои тргнале на долгото патување. Ја поминале границата со Турција, потоа со стигнале на грчкиот остров Лезбос, од каде влегле во Македонија. Главната цел им била Германија. Нејзиното семејство продолжило кон Германија, а Нора одлучила да остане во Македонија.

„Имав сон да живеам со моето семејство во Германија“ - рече таа и додава дека не ни замислувала какво изненадување ја чека во Македонија.

Боби кој се разведувал два пати, вели дека сега знае како нашол некој посебен.

Тој ја побарал Нора за жена во април додека биле на вечера во еден ресторан.

Таа конечно кажала “да“ но била загрижена како ќе реагираат нејзините родители што се мажи за човек кој не е муслиман.

Им кажала дека одбрала добар човек за да го помине животот со него, но родителите биле лути. Нора и Боби живеат со трите негови деца од минатите бракови. Очекуваат и Нора да се породи. 



Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани