(ВИДЕО) Метеорит падна во река во Русија
Објавено во: Свет 24 Декември, 2018
Mетеорит падна пред неколку дена во реонот на Хабаровск во Русија.
Тој паднал среде коритото на реката Буреја, на околу 70 км од најблиското село Чекунда и го блокирал течението. Има опасност нивото на реката да се зголеми и со тоа водата да поплави некои села.
Властите не исклучуваат воведување на режим за вонредни ситуации, изјавил раководителот на тој регион, Андреј Маслов.
„Очигледно е дека метеоритот бил огромен, штом го блоирал коритото на реката во должина од околу 40 метри. На тоа место се испратени две екипи, една од нашиот реон, друга од Амурската област. Имаат сателитски телефони и радиометри за да го измерат нивото на радијација. Неколку дена бевме известувани дека притокот на реката е намален, но не можеше да се определи причината за тоа. Се надевам дека бргу ќе имаме информации од групите на терен“, вели Маслов.
На интернет се публикувани и снимки од местото. Според авторот на видеото метеоритот создал гигантски кратер. Во процената на ситуацијата се вклучени и сателити од вселената.