Видео: Наместо 450 вработувања во Свети Николе пропаднат договор со криминален инвеститор
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, потсети на уште едно лажно ветување на Никола Груевски за 450 нови вработувања во Свети Николе кое тотално пропадна бидејќи договор бил склучен со криминален инвеститор од Холандија.
„Очигледно е дека Никола Груевски го одбра Свети Николе за вдомување на белосветски криминалци. Освен историскиот Субрата Рој, во Свети Николе требаше да инвестира и холандскиот инвеститор обвинет како шеф на организирана криминална група во Холандија за даночна измама. И тој како и Субрата Рој заврши со запленет имот и тешки обвиненија за криминал“ изјави Шилегов.
Портпаролот на СДСМ обвини и дека власта ја лажира инвестициската политика со тоа што привлече голем број на сомнителни бизнисмени кои воопшто не ги реализираа своите ветувања.