(ВИДЕО) Научници работат на робот кој сам се поправа!
Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2014
Научници од Универзитетот во Осло направиле робот кој може да учи, да се адаптира и да прави сопствени реплики.
Роботот е уред на третата генерација која еден ден би требало да служи во вселенските мисии.
За да го направат, истражувачите користеле компјутерски програм кој на основа на зададените параметри, како брзина и способност на движење понудил оптимален дизајн.
Дизајнот кој се покажал како најдобар во компјутерските симулации, потоа е реализиран со помош на 3D верзија на печатење и додатно е усоврешен.
Последната верзија има способност да открива оштетувања на сопственото „тело“ и да печати нов дел по потреба.
Кире Глете, истражувачот кој работел на овој проект вели:
„Во иднина роботите мора да решаваат задачи во длабоките рудници на далечните планети, во радиоактивните области и под нивото на морињата. Таквите животни средини се така екстремни, да ниту еден човек не може да преживее во нив., Се мора да биде автоматски контролирано. Замислете робот да влезе во разуршена нуклеарна електрана. Најде скалила на кои никој порано не се сетил. Роботот фотографира и ја анализира фотографијата. Раката на еден од роботите има вграден 3D печатач и прави нов робот, или го опремува постоечкиот со нов дел, кој му овозможува да ги совлада скалилата“.
Иако е уште далеку од таа цел, тој полека напредува. Погледнете го во „акција“ на овој линк .